Судењето за „Беса Транс“ се одложи за 2 февруари
– Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за „Беса Транс“ поради симптоми на Ковид-19 на обвинетиот сопственик на компанијата, Беким Хаџиу.
Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, до судот достави потврда за направен тест за Ковид-19 и кажа дека до овој момент не добиле резултати.
– Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска, рече бранителот.
Сопственикот и управител на „Беса Tранс“, Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, на изминатото рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни за „фалсификување на исправа“.
Според обвинителниот акт, обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Следното рочиште е насрочено за 2 февруари.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети