Живот
28. October 2016 - 21:37

Судбината си поигра со него, но од несреќен човек со деформирано лице стана музичка ѕвезда

Судбината немаше милост кон Годфри Богуми, но победникот на натпреварот за „Најчуден човек во Уганда“  одлучи да го искористи својот необичен деформитет на главата и да стане музичка ѕвезда, а неговиот спот на ЈуТјуб го видоа над 4 милиони луѓе.

Среќата конечно му се насмеа на 47-годишниот Годфри од Уганда, која мајката поради неговиот необичен изглед го оставила кога бил дете,  продолжила да се грижи за него бабата.

-Се плашев да излезам меѓу луѓето. Ме гледаа како да не сум човечко битие, мислеа дека сум чудна креатура. Но сега го прифатив својот изглед, вели Годфри.

Проблемите му почнале кога наполнил 10 години и почнал образот многу да му отекува, а потоа и остатокот од главата му попримил необична форма. Се до сега не му била дијагностицирана болеста поради која бил изобличен цел живот, а неговиот најголем страв е дека болеста генетски може да ја пренел на некое од своите 8 деца.

-Ми се чини дека најмладата ќерка почнува да личи на мене, и тоа ме плаши. Се плашам што би се случило со моите деца, ако поради болеста умрам, зошто тие се многу млади да се грижат за себе, вели тој.

Сепак се утврдило дека неговите стравови се неоправдани, зошто докторот Тони Вилсон конечно ги направил прегледите и му дијагностицирал ретко заболување. Годфри пати од Фибродисплазија, болест која влијае на растот и распоредот на клетките и ткивата. Она што е најважно се дека заболувањето не се пренесува по генетски пат, што значи дека неговите потомци се безбедни.

-Се плашев дека ќе морам да одам на операција, но најважно е што знам која е причината за мојот изглед. Сега се чувствувам многу подобро, кога дознав дека сум човечко битие, вели Годфри кој со соодветни лекови ќе може да ја ублажи својата состојба.

По години патење необичниот деформитет на главата му овозможи потполно неочекувана музичка кариера.

-Поправав чевли, кога ми пријде еден човек и ми праша дали сакам да се појавам на неговиот концерт.

То му овозможило да започне музичка кариера и многу брзо Годфри стана поп ѕвезда во Уганда, а спотот со неговата песна на ЈуТјуб досега го видео над 4 милиони луѓе.

-Сега имам пријатели. Луѓето ме плаќаат да се појавувам на нивните настапи, што ми овозможува да ги издржувам децата.

Годфри од првиот брак има две деца, а пред 8 години се ожени со сегашната сопруга Наманде Кејт.

-Годфри не е убав од надвор, ама има добро среце. Би сакала луѓето да го гледаат онака како што јас го гледам, вели Наманде која е во среќен брак со Годфри и му роди 6 деца.Namande, koja je u srećnom braku sa Godfrijem rodila šestoro dece.