Суданската армија планира да ги евакуира странските дипломати со воени авиони
Суданската армија вчера соопшти дека дипломатите на САД, Велика Британија, Кина и Франција ќе бидат евакуирани со воени авиони бидејќи борбите меѓу двете армии се водат и околу главниот аеродром во Судан.
Борбите во главниот град Картум влегоа во својата втора недела, меѓу официјалната армија и бунтовниците предводени од Мохамед Хамдан Дагало собрани во група наречена Сили за брза поддршка.
Началникот на Генералштабот, генерал Абдел Фатах Бурхан, разговараше со лидерите на неколку земји кои побараа безбедна евакуација на нивните граѓани и дипломати од Судан и вети дека таа ќе започне наскоро.
За време на седумдневните борби кои принудија многу жители на Картум да избегаат, според Светската здравствена организација, загинале 413 лица, а 3.551 лице било повредено. Таа бројка вклучува девет мртви и 50 повредени деца.
Со затворањето на главниот меѓународен аеродром во Судан, странските земји ги повикаа своите граѓани во Картум да го напуштат градот додека не бидат направени плановите за евакуација.
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
