Свет
12. May 2023 - 10:44

Судан: Завојуваните страни прифатија Договор за заштита на цивилите, но не и примирје

По шестдневни преговори,завојуваните страни во Судан помеѓу претставници на војската и на паравоената група  ја потпишаа „Декларацијата од џеда за заштита на цивилите во Судан“.

Двете страни ветија дека ќе дозволат влез на хуманитарна помош, ќе дозволат обновување на електричната енергија, водата и другите основни услуги и ќе ги повлечат безбедносните сили од болниците.