Судан побара мировна мисија од ОН
Суданската Влада побара од Обединетите нации да ангажираат мировна мисија во оваа африканска земја.
Портпаролот на Владата на Судан, Елназир Алназир, изјави дека мандатот на мисијата би бил врз основа на членот 6 од Повелбата на ОН и оти нејзината задача биде да помогне во одржувањето на мирот во екот на транзициските процеси во Судан.
Истакнувајќи дека Владата бара мировната мисија да биде ангажирана на територијата на цел Судан, Алназир рече дека треба да вклучува „политички агенти“ кои би помагале во процесот.
Во соопштението не е прецизирано дали мировната мисија ќе вклучува воени сили.
Владата на Судан води мировни преговори со вооружени групи кои дејствуваат во различни делови на земјата, вклучувајќи ги Дарфур, Јужен Кордофан, Синиот Нил и Источен Судан.
Ново на Сител
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Возач од Швајцарија приведен во Тетово, возел скоро двојно побрзо од дозволеното
-
Иран погуби човек осуден за шпионажа во корист на Израел
-
Двајца убиени, 10 повредени во руски напади во Запорожје
-
Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот
-
Кокаин запленет од дом на 20-годишен скопјанец | ФОТО
-
Зголемен број пациенти со убоди од инсекти во Куманово
-
Путин го прими специјалниот прaтеник на САД, Виткоф, јавија руските медиуми