Суд во Бангкок ги ослободи од притвор студентите кои протестираа против воениот режим
Воениот суд во Бангкок денеска донесе решение за ослободување од притвор на 14-те студенти кои минатата недела беа притворени поради кршење на законот за вонредна состојба во Тајланд, со кој воената хунта забрани јавни собири на кои учествуваат повеќе од пет лица.
Притворањето на студентите, според аналитичарите, беше еден од најсериозните тестови за подготвеноста на воените власти по секоја цена да ги замрзнат политичките активности додека трае процесот за обнова на мирот и редот во Тајван.
Судската одлука ја искоментира и привремениот премиер, водачот на воениот удар од мај минатата година, генералот прајут Кан-ока. Тој изјави дека одлуката на Воениот суд за него е знак на милост кон младите студенти, но на нивните колеги им порача да се посветат на учењето, а да почекаат да се создадат услови за враќање на демократијата во Тајланд.
Прајут изјави дека е прерано да се размислува за формирање цивилна влада, потсетувајќи дека демократијата која до 22 мај 2014 година ја практикуваа владејачката партија на кланот Шинаватра и опозицијата, беше причина за непрекинати насилни демонстрации со над илјада ранети и над 200 загинати.
За да ги запре новите најавени протести на студентите, полицијата соопшти дека за неа случајот не е завршен и дека истрагата за мотивите поради кој студентите протестираа пред Владата во Бангкок ќе продолжи.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра