Субвенции од Градот Скопје за современи еко уреди за затоплување

Град Скопје првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата.
-За секој купен инвертер клима уред, секој заинтересиран граѓанин кој ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари, рече на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
За оваа намена во буџетот на градот, како што рече, предвидовме 20 милиони денари, а тоа значи дека повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови, водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.
Предноста на инвертер клима уредите се соостои во тоа што трошат околу 30 отсто помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50 отсто ги намалуваат и трошоците во однос на греењето со огревно дрво.
Според анализите на Град Скопје, интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и поради тоа се одлучиле за субвенционирање на овие уреди и за да ги намалат трошоците на граѓаните.
Огласот за субвенционирање, како што најави градоначалникот, ќе биде објавен најдоцна до понеделник.
Ново на Сител
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
-

Трамп: ФИФА ќе направи ужасна грешка ако го замени Инфантино
