Суарез: Би сакал да станам еден од најдобрите десет стрелци во историјата на фудбалот
Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез призна дека би сакал да стане еден од десетте најдобри стрелци во историјата на фудбалот.
Уругваецот има најмногу освоени титули меѓу своите сонародници. Суарез има 587 гола на своето име, а има потреба од уште 34 гола за влез во престижното рангирање.
- Понекогаш е лесно да се каже дека не обрнувам внимание на статистиката и головите, но адреналинот во фудбалот се заснова на нив. Иако имам 38 години, мислам дека можам да постигнам нешто уникатно за уругвајски фудбалер. Да влезам во топ 10 најдобри голгетери во историјата на фудбалот би било неверојатно, рече Суарез, цитиран од „Ел Паис“.
Луис Суарез игра за Интер Мајами од јануари 2024 година. Претходно, Уругваецот ги носеше дресовите на Гремио, Национал, Атлетико Мадрид, Барселона, Ливерпул, Ајакс и Гронинген.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка