СТВ: Подеднакво признавање на такси лиценците и поголема градска контрола
Подеднакво признавање на лиценца, поседување документ за идентификација и поголема градска контрола се клучните барања на Синдикатот за транспорт и врски (СТВ) при Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), што заедно со Синдикалната организација на такси превозниците ги посочија на денешната прес-конференција до надлежните органи. Доколку не се изнајде решение на барањата, најавуваат протести.
– Во изминатиот период, СТВ оствари неколку средби со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и со ресорниот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски. Целта на средбата беше да се разрешат натолажените проблеми што се случуваат со такси превозот во Скопје. Иако од нивната страна имаше ветување од претходниот период, за жал, до денеска немаат преземано никаква активност ниту иницијатива за разрешување на настанатите проблеми во однос на такси превозот на Град Скопје, рече Зоран Дионисиев, претседател на Синдикатот за транспорт и врски.
Посочи дека пред петнаесетина дена се обратиле и до премиерот Зоран Заев со писмен допис, со барање да бидат примени за разрешување на проблемите, но како што рече Диносиев, од таму наишле на молк и игнорирање.
– Ние подолг период се соочуваме со нелојална конкуренција, нерегуларните такси превозници во градот го доведуваат под притисок нашиот опстанок, затоа е потребно подеднакво признавање на лиценца и треба сите да поседуваат документ за идентификација. Бараме и од градските инспектори да излегуваат почесто на терен. Во градот има инспекции кои излегуваат, но тие да бидат почести во втора и во трета смена, а да излезе на терен и трудова и пазарна инспекција. Мора да се намали сива економија во такси превозот за да може да остваруваме профит, да имаме некаква придобивка. Бараме фискалниот апарат со џи-пи-ес, што е воведен како нов, да не биде предуслов за добивање нова лиценца зашто ние веќе имаме фискален апарат, и тој не претставува решение дека ќе се намалат таксистите во градот, рече претседателот на Синдикалната организација на такси превозниците на Град Скопје, Ѓорѓи Младиновски.
Додаде дека со жолтата табличка, што треба да се воведе годинава, не може да возат надвор од државата, поради несредени меѓународни договори за возење, и движењето им се намалува само во рамки на државата, затоа треба да се отфрли.
Ново на Сител
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко
-
Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
-
Незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти, условна затворска казна за вработен во прилепската болница
-
Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов