Студиска посета на НАТО колеџот од Рим на Македонија
Студенти од НАТО одбранбениот колеџ од Рим вчера и денеска се во студиска посета на Република Македонија, соопшти Министерството за одбрана.
За време на посетата пред присутните гости биле одржани презентации за одбранбената политика на Република Македонија, за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мировни мисии и операции и презентација за надворешната политика на Македонија и за евро – атлантските интеграции.
- Во рамки на денешната активност, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова се обрати пред присутните студенти и високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, при што истакна дека оваа посета претставува израз на целите на Алијансата за воспоставување блиска соработка помеѓу членките и партнерите за изградба на способности за стратегиско размислување, критична анализа и развој на способностите за донесување одлуки засновани на консензус. Во оваа прилика таа се заблагодари за досегашното школување на околу дваесет високи офицери и цивили на овој Колеџ, се наведува во соопштението од МО.
Чуповска Ристова, во своето обраќање додала дека приемот на Црна Гора во НАТО упатува сигнал дека вратите на НАТО се уште се отворени и очекува вреднување на напорите и достигнувањата во контекст на членство во најголемото одбранбено семејство.
Директорот на менаџментот на НАТО одбранбениот колеџ во Рим бригадниот генерал Салваторе Карта, кој ја предводи групата на студенти, пак, истакнал дека оваа посета е сведоштво за добрата соработка на институциите меѓу двете земји и НАТО одбранбениот колеџ.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје