Студија: Втор зимски бран на Ковид-19 може да предизвика 120.000 смртни случаи во Британија
Вториот бран на новиот коронавирус, што може да се случи оваа зима во Велика Британија, може да предизвика 120.000 смртни случаи во најлошото сценарио и недостиг на подготовка, предупредува студија на Академијата за медицински науки во Велика Британија.
– Ова не е предвидување, туку можно сценарио, рече професорот Стивен Холтгејт, шеф на студијата, спроведена од 37 експерти нарачани од владата на Борис Џонсон.
Експертите препорачуваат надлежните органи сега да спроведат интензивна обука со цел да ги намалат ризиците од преоптоварување на здравствените услуги во текот на зимата.
Некои студии предвидуваат дека новиот коронавирус, што предизвика 45.000 смртни случаи во Велика Британија, најтешко погодена од пандемијата во Европа, може да се врати со поголема сила во текот на студената сезона.
Во извештајот на британските експерти се забележува дека постои голема неизвесност околу ширењето на Ковид-19. Сепак, во најлош случај, властите треба да бидат подготвени за стапка на пренесување од околу 1,7 во септември.
Тој број одговара на просечниот број заразени со еден носител на вирусот. Во моментов, нејзината вредност во таа држава е 0,7-0,8. Во лоши околности, експертите предвидуваат пик на смртност и хоспитализација во периодот јануари-февруари 2021 година.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот