Студија: Одложувањето на втората доза на вакцината на Фајзер кај постарите лица резултира со поголеми нивоа на антитела
Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирус кај постари лица произведува три и пол пати поголема реакција на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување.
Откако Велика Британија исто така воведе поголем период меѓу двете дози, производителите на вакцината на компанијата Фајзер/ Бионтек изјавија дека нема податоци за да се обезбеди научна основа за таквата одлука.
Но, компаниите признаа дека јавните здравствени интереси за заштита на што поголем број жители можат да бидат земени предвид. Тогаш истражувањата веќе покажаа дека единечна доза од вакцината Фајзер обезбедува значителна заштита од болеста.
– Нашата студија покажува дека врвот на одговорот на антителата по втората доза на Фајзер е значително зголемен кај постарите лица кога се одложува до 12 недели, изјави авторот на студијата Хелен Пари од Универзитетот во Бирмингем.
Во многу европски земји, вакцината на Фајзер/Бионтек почна да се применува пред да се донесе одлука за продолжување на интервалот помеѓу двете дози, па така, мал дел од луѓето беа вакцинирани со втората доза по 21 ден, како што препорачува производителот.
Со студијата, која сè уште не поминала научна рецензија, биле опфатени 175 лица на возраст од 80 до 99 години и утврдено е дека продолжувањето на интервалот меѓу две дози го зголемува врвот на создавање на антитела за три и пол пати во споредба со луѓето кои го примиле втора доза по три недели.
Антителата се дел од имунолошкиот систем, а вакцината исто така го стимулира производството на Т-клетки, кои исто така учествуваат во одбраната на организмот од инфекција.
Врвот на Т-клетките бил поголем во групата која ја добила втората доза по три недели, па авторите на студијата предупредуваат дека сè уште не можат да извлечат заклучоци за нивото на заштита што го има едно лице во зависност од интервалот меѓу две дози на вакцини.
Но, земајќи ги предвид овие податоци во комбинација со нивото на заштита што го обезбедува првата доза на вакцина против хоспитализација и смрт од Ковид-19, Институтот за јавно здравје на Англија процени дека студијата дополнително го поддржува британскиот пристап за вакцинација со кој се зголемува периодот помеѓу две дози вакцини и така со првата доза се опфатени и заштитени голем број лица.
– Пристапот за кој се одлучи Велика Британија со одложување на втората доза на вакцина навистина се исплати, рече Гајатри Амирталингам, епидемиолог во Англискиот институт за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза