Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто
Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто.
„Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, рече Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб, објави Гардијан.
Тој изјави дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии.
Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст рече дека „возбудливите резултати“ додадоа уште поголема тежина на претходните наоди кои покажаа дека лекот може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина.
Тој посочи дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот. Во извештајот на Астра Зенека, што го произведува лекот Осимертиниб, се вели дека лекот покажал невидена и многу значајна корист во однос на преживувањето на пациентите.
Се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот. Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиона луѓе.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња