Loading Video...
Македонија
26. April 2020 - 16:48

Студија: Корона вирусот полесно се пренесува во областите со висока концентрација на ПМ честички

Загаденоста со ПМ честички го олеснува ширењето на корона вирусот, тврдат италијанските научници.  Тимот експерти од неколку реномирани универзитети  до овој заклучок дошле  со обработка на  податоци во периодот од три недели, од 21 февруари до 13 март, во индустриските локации во регион на Бергамо. Утврдено е дека вирусот на корона создава кластери со надорешните ПМ честички и така се зголемува неговата постојаност  и вирулентност  во атмосферата, се вели во прелиминарната студија  направена од група италијански научници, а објавена во  медицинскиот портал Медархив.

Во истражувањето се анализира  североното подрачје во Италија  кое е тешко погодено од пандемијата, во исто време е едно од најзагадените  индустриски  зони во Европа.   Тука кривата на инфекцијата е   пропорционална со концентарцијата на ПМ -10 честичките

Високата присутност на овие честички го поттикнале брзото ширење на епидемијата во паданската рамнина  во февруари. Ефектот е посилен во оние провинции во кои се појавиле првите жаришта на болеста, вели  Леонардо Сети, професор на  универзитетот во Болоња. која ја преводи студијата.

Индикативен е и случајот на Рим. Таму епидемијата почнала да се шири  во исто време како и на северот, но не достигнала таква  вирулентност, посочуваат експерите.

Теоријата дека дека вирусот патува побрзо со смогот ја застапуваат и други научници. Според нив, ситните фини честички , можат да бидат преносници на вирусот, кој така може да  да патува на подолги растојанија. Познато е дека честичките во етерот делуваат како транспортно средство за на многу хемиски и билошки отровни супстанци. Германските експерти исто така забележале дека локациите кои се најзагадени во светски рамки во исто време се и најпогодени од епидемијата.

Последниве  истражувања, според лекарите, покажуваат дека  дистанцата од еден метар не е доволна, исто како што не се доволни мерките за намалување на загаденоста на воздухот.