Студентските и средношколските ученички домови ќе се отворат со намален капацитет, но одбиените ќе добијат надомест
На 5-тата владина седница, што се одржа денеска, е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови според која тие треба да бидат отворени со почитување на Протоколите за сместување со дополнување дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
Во таа насока, на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.
– Со измените содржани во овие предлог закони, се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови, и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата на РМ, информираа од владината прес-служба.
Соопштија дека студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk
Се оценува дека заради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.
Ново на Сител
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици
-
Јамал под истрага за роденденската забава
-
Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода
-
Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
-
Приведен 46-годишен маж од Крушево поради злоупотреба на службена должност
-
Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ
-
Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите