Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно
Неколку стотици студенти утрово тргнаа од кампусот на Универзитетот во Нови Сад во протестна прошетка низ градските булевари, блокирајќи една од најпрометните крстосници во близина на трговскиот центар „Променада“.
Студентите дуваат во свирчиња и „вувузели“, а во рацете носат индекси.
На транспаренти се испишани пораки како „Народот не треба да се плаши од власта, туку власта од народот“, „Мама не ме научи да молчам“ и „Корупцијата е многу кринџ“.
Во 11:52 часот, на крстосницата оддадоа почит во тишина за 15-те жртви од несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Студентскиот лидер, Бранислав Ѓорѓевиќ, најави дека во понеделник студентите ќе протестираат пред Собранието на Нови Сад, каде што треба да се расправа за градскиот буџет.
– Властите повеќе не можат да бегаат од нас. Ќе мора да соберат храброст и да ни погледнат в очи пред да донесуваат одлуки автоматски, рече Ѓорѓевиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали