Студентската организација се приклучува на протестите против промена на името

Ние студентите нема да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци. Ние не сме „граѓани на Северна Македонија”, ниту пак нашата татковина се вика северна провинција, се вели во прогласот на Млади за Македонија за протестот што го најавуваат за 23 јуни пред Собранието на Република Македонија.
„Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот македонски народ. Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуци и правнуци.
Имаме сопствена држава еднаш на 1.000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција – или крај за нашиот македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете сѐ од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Македонци од сите политички партии – од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија“, се вели во прогласот на Млади за Македонија.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
