Студентка во кома го помрднала прстот момент пред да ја исклучат од машините!

22 годишната Сем Хеминг по тешка сообраќајна несреќа во јули годинава била пренесена во болница со скршен врат!
Девојката успеа да се спаси од смртта и е наречена медицинско чудо. Во тешката сообраќајка таа со главата пробила низ прозорецот и силно удрила при што и се скршиле 4 вратни коски. По тешката 6 часовна операција била ставена во индуцирана кома, а нејзините родители биле подготвени да го очекуваат најлошото. По 19 дена во кома, лекарите оцениле дека девојката е во мозочна смрт, и донесена е одлука да се исклучи од апаратите кои ја одржувале во живот. Но таа во последен момент успеала да мрдне со прстот на нејзината нога.
– Се собравме во собата да се простиме од неа. Лекарите ги исклучија машините и јас вриснав. Но таа мрдна со големиот прст и лекарите повторно ја ставија во кома. Следниот пат кога ги исклучија машините веќе можеше да дише сама – вели нејзината мајка Керол.
Само осум недели подоцна девојката била пуштена дома во Креденхил, каде живеела со своите родители.

– Таа буквално се врати во живот. Да не мрднеше со прстот немаше да биде тука денеска. Лекарите беа шокирани. Поради повредата половина од нејзиниот мозок не функционира но другата половина е неповредена. Таа повторно научи да оди и да зборува, а лекарите на тоа реагираат со подотворена уста. Тие кои биле со неа од почетокот велат дека не разбираат како останала жива – вели Керол.
На денот кога требало машините да бидат исклучени биле направени тестови кои не покажувале никаква мозочна активност. Но пред исклучувањето некој од медицинскиот персонал ја допрел Сем по ногата со студена ткаенина, и затоа таа го помрднала прстот, а компјутерот покажал мозочна актвност.
– Не се сеќавам на несреќата но знам дека тргнав кон дома. Се сеќавам дека дипломирав и толку. Сликите од мене во кома ми се нереални, а кога слушам дека ме спасил прстот кој мрднал – тоа е извонредно. Многу сум благодарна на медицинските лица кои ме спасија. Можам помалку да одам а кога ќе се уморам имам количка. Со зборувањето се е во ред. Сега треба да бидам подобра, бидејќи амбицијата која ја имав претходно, да бидам правник, сеуште ја имам – вели храбрата девојка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
