Македонија
18. November 2025 - 19:43

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер

Сите студенти до 29 години, без разлика дали се запишани на приватен или државен факултет, и дали се редовни или вонредни – до 20 ти декември можат да аплицираат за ваучер од 250 евра, кој го доделува Владата. Со истиот ќе можат да купат компјуер, лап топ или таблет до крајот на годината. Интересот кај младите е голем, велат од Министерство за дигитална транформација. За само еден ден барање поднеле над 17 илјади студенти.

- Од вчера до денска барање поднеле и веќе добиле ваучер 17,400 студенти, од кои 1,600 веќе го искористиле и си набавиле електронски уред. Навистина постапката е едноставна, без да се оди на шалтер, да се губи време. Буквално помеѓу две предавања од Амфитеатар можат да си аплицираат студентите, изјави Љупчо Ристески, Министерство за дигитална трансформација

Барањето за ваучер се поднесува преку порталот услуги.гов.мк. Единствениот  услов кој треба да го исполнат студентите е да да имаат кориснички профил. Ако компјутетрот ја надминува вредноста од 15 илајди денари, ќе можат да си доплатат. 

- Можат и на рати да си земат или да доплатат кај економскиот оператор и ова е одличен пристап и за државата и за приватниот сектор и за родителите на студентите, додава Ристески.

За оваа намена Владата одвои над 13 милиони евра од буџетот. Контролата како се спроведува законот ќе ја прави Државниот пазарен инспекторат.