Македонија
2. October 2015 - 12:18

Студент загина во центарот на Скопје

Вчера рано наутро, околу 3 часот по полноќ, од повисоките катови на студенсткиот дом „Кузман Јосифовски“ во Скопје паднал 20-годишен студент од Прилеп и загинал, објави МКД.мк

Тој по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но како последица од тешките телесни повреди утрово починал.

Полицијата и обвинителот го истражуваат случајот и денеска ќе одлучат дали ќе го дадат телото на студентот на обдукција.