Македонија
2. October 2015 - 16:49

Студент од Прилеп се самоуби во домот К.Ј. Питу во Скопје

Си го одзел животот фрлајќи се од четврти  кат. 20 годишно момче од Прилеп вчеравечер околку 4 часот скокнал од терастата на скопскиот  студенсткиот дом Кузман.  Веднаш по падот со итна медицинска помош бил пренесене  во ургентниот центар. Докторите долго се обидувале да го реанимираат , но и по 13 часовна борба тој им подлегнал на повредите.  Од полицијата го потврдуваат случајот и првичните сознанија се дека станува збор за самоубиство. Неофицијално,  причина  била љубовно разочарување. Крајот на врската го натерало младиот прилепчанец претходно да напише проштално писмо а потоа и да си го одзеде животот. Студентите сместени во домот не сакаа да зборуваат пред камера.

Повеќе информации за трагичниот настан немаа ниту вработените во домот.

- Тука има 500 деца, не знаеме што се случува....ама тоа момче беше сместено во Гоце сега од оваа година е во Кузман...

По извршениот увид и собраните докази обвинителството го предаде телото на обдукција. Оттаму официјално не потврдувааат но според првичните индиции велат дека станува збор за самоубиство бидејќи не се пронајдени траги и докази за извршено кривично дело.