Студено време со врнежи од снег и дожд
Денеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР.
Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе има провејување на слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Потоа следува период на стабилно и постудено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.
Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни (10 - 15 л/м2). Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег
Ново на Сител
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите