Студено утро, а потоа сончево со умерена облачност
– Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 степени. УВ=6.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд.
Ново на Сител
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко
-
Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
-
Лаи: Тајван сака мир со Кина
-
Ако Манчестер Сити не се квалификува во Лигата на шампионите, тогаш не сме заслужиле, вели Гвардиола
-
Сити се откажа од Флоријан Вирц
-
Белингем: За Реал е важно да го освои Светското клупско првенство
-
Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако