Студено и ветровито, максималните температури до еден степен
Облачно, студено и ветровито време ќе преовладува денеска во државата. Пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела особено во југозападните делови.
До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во горниот тек на Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -5 до 1 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура до -6 и максимална до -1 степен.
Синоптичарите најавуваат период на многу студено време со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.
Ново на Сител
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ