Студена вода и совети против пожари за возачите
Наместо казни полицијата ги разладуваше возачите со шише вода. На жешкиот асфалт во општина Ѓорче Петров, градонаачалникот делеше едукативни флаери за превенција од пожари. Сообраќајната патрола ги запираше возачите и ги советуваше како да се однесуваат на високите температури, да внимаваат каде ги фрлаат отпушоците од цигари.
Покрај редовните патроли за безбедноста во градот, во мешан состав чуварите на мирот ова лето ќе се погрижат да го намалат бројот на пријави за пожар. Полицајците им порачаа на возачите ладната вода да ја користат за пиење наместо за гаснење пожар .
Полицијата ги советува возачите да возат со прописна брзина, да им даваат предност на пешаците и задолжително во својот автомобил да имаат противпожарен апарат. Будноста е неопходна бидејќи на лето е зголемен ризикот од сообраќајни несреќи.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
