Македонија
30. July 2021 - 12:20

Стружанецот Ергин Борова ќе изгради дом и дневен центар за деца со посебни потреби

Родителите кои имаат деца со посебни потреби имаат подвиг 365 дена во годината нив помошта им е  повеќе од неопходна ова се зборовите на Ергин Борова стружанец кој повеќе од 20 години живее и работи во Холандија  а го мотивираа да се изгради дом и дневен центар за деца со посебни потреби во неговата родна Струга.Тој пред камерата на Сител вели дека станува збор за модерен центар за дневен и ноќен престој каде стручен тим покрај за грижата ќе работи и за развојот на тие деца додавајќи дека за таа цел отворена е фондација во Холандија наречена грижа за деца со посебни потреби.

За подигнување на свеста после една година тренинг Ергин Борова исплива 13 километри од Охрид и Струга и ја заврши својата првична мисија бидејќи како што вели децата со посебни потреби се грижа на сите нас.

Овој хуман проект е подржан од општина Струга моментално се разгледуваат две до три локации каде би се изградил дневниот центар кој ќе обезбеди грижа не само за неколку часа, туку и долгорочно сместување.

Стружанецот Борова вели дека сонот станува реалност доколку се има желба истиот да се реализира неговиот сон е хуман се со една идеја почесто да се грижиме за лицата со посебни потреби а не само во обележаните денови.