Стружанец произведувал и споделувал детска порнографија преку социјални мрежи
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем, соопшти денеска Јавното обвинителство.
На своите два мобилни телефони, преку инсталираните апликации за комуникација – Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, како што информираат, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот. Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење на детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници.
Видеа и фотографии кои прикажуваат детска порнографија поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога телефоните му биле одземени при извршениот претрес.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ
-
До 13 часот изгаснати четири пожари, еден активен во Берово
-
Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела
-
Зеленски повика на „промена на режимот во Русија“ и конфискација на рускиот имот
-
Комисијата за избори и именувања распиша јавен оглас за нов претседател на ДКСК по оставката на Димитровска
-
Во јуни раст од 22.5 % во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун
-
Поплавите во Пекинг однесоа 44 жртви
-
Изминатите три дена 1937 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 447 за брзо возење