Струшкиот Музеј успешно ја заврши изминатата година

Струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ успешно ја заврши 2016 година, а до Министерството за култура доставиле амбициозна програма за работа и за оваа година, информира директорот Милован Шутиноски.
Покрај реализираните проекти од Националната програма на Министерството, според него, реализирани се и други проекти, меѓу кои промоција на сите поставки, а Музејот бил и дел од вмрежувањето на национално и интернационално ниво.
- Понудивме амбициозна програма и чекаме кој дел ќе биде прифатен во Националната програма за 2017 година. Ние сме единствена институција која во своите поставки го промовира природното и културното наследство специфично за овој крај, особено природонаучната збирка која го карактеризира токму пределот околу Охридското Езеро, истакна Шутиноски.
Најчести посетители на Музејот се екскурзијантите, но, како што забележа директорот, во последно време е во надолна фаза. За враќање на учениците информира дека е изработена стратегија со која ќе ги привлечат повторно да го посетуваат Музејот како институција која ги нуди вредностите карактеристични за овој дел.
- Изработивме платформа за да можат учениците пред се од Струга да го посетуваат Музејот во текот на целата година. За симболична сума, може да доаѓаат на часовите по биологија, историја, македонски јазик. Бројни се можностите кои ги нуди Музејот. Ние сме отворена институција и во овој дел планираме да ги привлечеме учениците и професорите од сите училишта низ државата со што би ја збогатиле нивната програма, рече Шутиноски.
Во последно време, нагласи, се почести гости се странските туристи, за кои заедно со туристичките агенции изработуваат програма со која ќе ги привлечат во поголем број.
- Заедно со туристичките агенции имаме изработено нацрт програма, која ги содржи природните и културните вредности на Струга со кои ќе може да се запознаат туристите. Тука е црквата Свети Ѓорѓи и галеријата во неа, теќето, галеријата Коџоман и други музејски објекти, а може да се надоградува во интерес на туризмот и промоцијата на културните вредности на Струга, истакна Шутиноски.
Ново на Сител
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
