Струмичкиот регион се подготвува за превенција од евентуални поплави

Струмица и околните општини се подготвуваат за превенција од евентуални поплави. Согласно плановите се врши чистење на речните корита и санација на критичните точки кои се појавија по ланските поплави, заклучија претставниците на институциите на редовната седница на Регионалниот Центар за управување со кризи.
- Врз основа на плановите кои ги имаат подготвено општините, како и водостопанското претпријатие „Струмичко поле“, изготвени се акциони планови за нивно чистење, и согласно нив се реализираат активности и се врши санација на сите критични точки долж течението на реката Струмица и останатите притоки. Досега немаме проблем. Координирани сме и работиме тимски на ниво на регион Струмица, истакна Милан Русев, раководител на Центарот за управување со кризи-Струмица.
Од ЦУК потенцираат дека граѓаните на струмичкиот регион пијат чиста вода.
- Водоснабдувањето е со квалитетна вода. Редовно се земаат мостри од повеќе места преку Центтарот за јавно здравје, а нема проблеми ниту со водата која ја располагаат месните заедници во селата зашто и таа се испитува. Доколку има било каков проблем, граѓаните ќе бидат благовремено информирани, рече Русев.
Годинава на 24 и 30 јануари, струмичкиот регион беше зафатен од поплави, кои само на територијата на општина Струмица направија штета од 95.600.555 денари, информираа од Комисијата за проценка на штети. До нив стигнале 515 барања. Најголемиот дел штети беа направени врз земјоделски површини во селата Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле.
Ново на Сител
-

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка
-

Свекор нападнал снаа со остар предмет во Кавадарци
-

Татко и син од Демир Капија измамени за 14.700 денари откако аплицирале за работа во странство
-

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
-

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
-

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
-

15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче
-

46-годишник од Конче загина на лов, застрелан од пријател ловџија
