Струмичкиот прволигаш се ребрендира во „Академија Пандев Брера Струмица“
По купувањето на 90 отсто од акциите на ФК„ Aкадемија Пандев“ од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“, нашиот клуб од денес се ребрендира како „Акадмеија Пандев Брера Струмица“, информираа денеска од Клубот.
Велат дека преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земјава, откако во Собранието на клубот влегле новите акционери, при што беше е избран нов Одбор на директори, а за претседател е назначен Горан Пандев.
-Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори, како и на градот Струмица, како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК „АП Брера Струмица“ а за комерцијална употреба „Брера Струмица“. Освен името се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на општина Струмица а составен дел ќе биде и досегашниот аблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица, стои во соопштението.
Додаваат дека мисијата ќе биде градење на фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата