Македонија
5. January 2018 - 11:30

Струмичанка ограбена во влез од зграда

Педесет и петгодишната Л.Ѓ. од Струмица вчера била ограбена од непознат разбојник кој ја нападнал при влез во зграда.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 18 часот на ул. „Ката Поцкова“, така што сторителот откако се доближил до оштетената, во моментот кога таа влегла во влез од зграда, физички ја нападнал обидувајќи се да и ја земе торбата при што почнал да ја удира со раце во пределот на главата и телото.

- Л.Ѓ. паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите од десната рака. Напаѓачот ја земал торбата во која според пријавеното имало 76.000 денари, 1070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон, стои во соопштението.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.