Струмичани лани најчесто пиеле лекови за кардиоваскуларни заболувања

Осигурениците во Струмица во 2015 година искористиле по 13 рецепти просечно, за што се потрошени во просек по 1.324 денари, информираат од Фондот за здравствено осигурување. Најпотрошуван лек е енаприл - медикамент од групата за кардиоваскуларни заболувања.
- Во 2015 година во ПС Струмица реализирани се 1.028.512 рецепти, во износ од 108.388.565 денари. Во Струмица се искористени 4,9 отсто од вкупниот број рецепти кои се реализирани во текот на 2015 година и 4,5 отсто од вкупните средства за лекови на рецепт во 2015 година се издвоени за лекови на рецепт во Струмица, се вели во писмената информација од ФЗОМ.
Од другите градови од Југоистокот, статистиката на ФЗО покажува дека осигурениците од Валандово потрошиле 132.279 рецепти, од Гевгелија 485.946 и од Радовиш 225.715, за што вкупно фондот потрошил 86.907.291 денар.
Во 2015 година реализирани се вкупно 21.129.626 рецепти за лекови во примарната заштита во износ од 2.425.655.134 денари, објави во годишниот извештај ФЗОМ. Споредено со 2014 година потрошувачката на лекови бележи раст од околу 9 отсто на бројот на реализирани рецепти и околу 7 проценти на вкупниот издвоен износ. Соодветно на тоа раст на потрошувачката на лекови се забележува во речиси сите подрачни служби на ФЗОМ, вклучително и во Струмица, додаваат од ФЗОМ.
Ново на Сител
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
