Струмичани генерално се чувствуваат безбедни во општината - најголем проблем уличните кучиња
Генералната оценка на граѓаните во Струмица е дека живеат во безбедна општина, но има и такви кои го мислат спротивното. За тие кои не се чувствуваат безбедно главен проблем се кучињата скитници. Ова го покажале резултатите од последното истражување на оваа тема подготвено од невладината организација „Евро тинк“ направено за потребите на локалниот совет за превенција.
Директорката на стационарот за бездомни кучиња Сузана Стојкова вели дека проблемот веќе се решава. Врз основа на капацитетот, бројот на вработените, буџетот и остварените резултати стационарот „Лана“ од Струмица бил на прво место во Европа по ефикасност. Тие само за 10 месеци колку што постојат успеале да заловат близу 500 кучиња и сите од нив биле соодветно третирани.
Од стационарот најавуваат дека веќе започнуваат и кампања со која имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за вдомување кучиња, но и одговорно сопствеништво.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар