Струмичанец загина во сообраќајка на патот Банско-Морино

41 годишен жител од струмичкото село Борисово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа во самиот центар на селото Мокриево.
До несреќата дошло откако сега веќе починатиот Л.Л. од непознати причини изгубил контрола над возилото со кое управувал и излетал од патот по што удрил во камен ограден ѕид од куќа. Од ударот возилото се одбило и паднало во каналот за наводнување.
Жителите на Мокриево кои се нашле на местото на несреќата велат дека глетката била страшна.
-Седев внатре кога по едновреме слушнав како нешто почна да кочи, по што веднаш се слушна силен удар. Веднаш излеговме надвор и што да видиме, колата беше навлезена во каналот ,а возачот лежеше со лицето надолу. Веднаш викнавме полиција од Ново Село и брза помош, дојдоа тука, но тие само утврдија дека човекот е мртов, вели жител на Мориево
Во интевенцијата учествувала и противпожарната единица со четврица пожарникари ,а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. По завршувањето на истрагата треба да се знае и кои биле причините поради кои дошло до несреќата.
Ново на Сител
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
