-->
-->
Струмичанец криумчарел мигранти, фатен со 53 лица во камион
-->

Синоќа околу 19.30 часот кај с.Куклиш, струмичко, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С.(43) од с.Дорломбос, валандовско, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет).
Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
