Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР

Општина Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР во несреќата што се случи на 10 јули 2014 година, соопштија од локалната самоуправа.
Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за поставување спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.
- Како општина ќе ја интензивираме соработката со Министерството за реализација на овој значаен проект, кој ќе претставува траен израз на почит кон хероите кои ги положија своите животи во служба на татковината и граѓаните, се наведува во соопштението од Општината.
Инаку, во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година, пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.
Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.
МИА
Ново на Сител
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
