Струмица ја пречекува иконата Богородица Брзопомошница

На градскиот плоштад во Струмица почна церемонијата за пречек на иконата Пресвета Богородица - Брзопомошница, подарок од светогорскиот манастир Свети Дохијар и игуменот Григориј за струмичката епархија.
Според црковните лица, автентичната копија на чудотворната икона ќе биде пречекана на плоштадот од струмичкиот митрополит господин Наум и дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј.
- Ќе ја пречекаме иконата и ќе изведеме чин на доксологија, еден побожен пречек односно добредојде за образот на Пресвета Богородица, каде што ќе читаме канон. Потоа ќе формираме литија, на чело со владиците, граѓаните, монаштвото и ќе одиме во храмот на Светите 15 тивериополски свештеномаченици каде ќе биде почивалиштето на иконата. Тука ќе биде изложена на поклонение на граѓаните, вели отец Јаков.
Нагласи дека ова е многу важен и значаен момент за струмичката епархија и верниците, зашто, како што рече, многу ретко вакви автентични икони се подаруваат.
- Ова е многу значајно за нас. Самата икона на Богородица е наречена брзопомошница, зашто таа на монахот на кој му го вратила видот во Светогорскиот манастир му порачала дека нејзиниот образ ќе се вика брзопомошница, велејќи дека секој што ќе и се обраќа и ќе ја повика, бргу ќе го послуша и нема да задоцни со нејзиниот одговор односно исцеление, додаде отец Јаков.
Иконата висока 180 сантиметри со позлатена рамка ќе стои на специјална подлога во манастирот „Св.15 тивериополски свештено-маченици“.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
