Македонија
9. November 2022 - 15:50

Струмица доби детска градинка по 40 години

После 40 години Струмица доби нова детска градинка. Објектот има капацитет за над 300 деца и е најголем во државата. Целата инвестиција чини околу 126 милиони денари, од кои најголемиот дел, 108 милиони 610 илјади денари се средства обезбедени од министерството за труд и социјална политика. На отварањето на градинката присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски кој најави дека инвестициите во градинките ќе продолжат и во иднина.

Новата градинка во Струмица дел од проектот за подобрување на социјалните услуги кој министерството за труд и социјална политика го реализира преку на Светска банка.

За градоначалникот на Струмица, отварањето на новата градинка значи решавање на прашањето за сместување на децата од предучилишна возраст кое во изминатите години претставуваше еден од најгорливите проблеми во општината.

За време на посетата на Струмица премиерот Ковачевски денеска направи увид во градежените работи на првиот булеварски мост во општината а ја посети и локацијата каде што започнува изградба на социјална населба.