Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз
Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.
На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.
Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.
Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.рт/са/
Фото: архива Општина Струмица, промоција на електричен автобус.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
