Свет
28. јуни 2024 - 14:30

Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто

Турската телевизија НТВ, повикувајчи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика објави дека се зголемуваат тарифите за електрична енергија за 38 отсто од 1 јули.

Со ова зголемување, сумата што ќе треба да се плати за потрошувачка од 100 kWh електрична енергија за домаќинствата станува 207,23 турски лири (5,9 евра).

Регулаторот за енергетика во своето соопштение поскапувањето на струјата го припишува на растот на трошоците за производство на енергија.

Новите тарифи стапуваат на сила од 1 јули.