Стража, Пресека и патот Крак Маврово – Дебар и натаму забранети за сообраќај за камиони
Поради обилни врнежи од снег од вчера попладнево е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар.
Како што соопшти АМСМ, поради снегот што се задржува на коловозот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка задолжително е користење на зимска опрема.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози. На повисоките места има кашест снег на коловозите по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат во западните делови од државата врне снег, а во останатите делови врне дожд.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница