Живот
16. јуни 2018 - 14:18

Страв и ужас: Питон од 7 метри изеде жена, кога го распорија чудовиштето имаше што да видат

Целиот труп на Индонежанка е пронајден во стомак на огромен питон долг седум метри кој е фатен во близина на градината каде што работела жената.

Телото на Ва Тибе (54) го пронашле селаните кои тргнале во потрага по неа на островот Мун.

„Жителите се посомневал дека змија ја проголтала жртвата па ја убиле. Кога ја распориле, виделе дека внатре е телото на жената“, рече шефот на локалната полиција.

Џиновскиот питон кој живее во тропските шуми, често напаѓал мали животни, но ретко луѓе.