-->
-->
Страв и трепет за џихадистите: За оваа Европејка ИД има потерница од милион долари
-->
Јоана Палани (23) од Данска го напуштила својот сигурен дом и заминала во Сирија да се бори против Исламска држава.
Но, сега Палани се соочува и со кривично гонење и можна затворска казна во Данска.
-Бев подготвена да се одречам од својот удобен живот во Европа каде што бев безбедна. Тоа беше мој избор, а сега во Данска ме гледаат како терорист, а јас во суштина се борев против тероризмот, вели Јоана.
Таа инаку е курдски бегалец, а во Сирија била снајперист чија мета биле џихадистите од Исламска Држава.
-Јас сум снајперист. Ме викаат „лејди смрт“. Во Сирија пукав со руски снајпер. За да бидете добар снајперист мора да бидете навистина мирни. Да го користите својот мозок и своето тело и во никој случај не смеете да изгубите концентрација, вели таа.
Иако се борела против непријателот Исламска Држава, во Данска ја гонат само поради заминувањето во Сирија.
Јоана сега е главна мета на Исламска Држава, а заканите кои ги добива се секојдневница.
Добива закани дека ќе ја претворат во сексуална робинка, дека присилно ќе ја исламизираат. Исламска Држава започна потерница вредна милион долари за нејзината „глава“, жива или мртва.
-Не се плашам од ИД, продолжувам со својот живот како слободна жена, вели таа.
Јоана инаку секојдневно е вербално напаѓана додека се движи низ градот, од муслимани кои и’ се закануваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците