Македонија
14. јуни 2017 - 20:43

Страшно невреме попладнево во Скопје - Град со големина на орев 30-тина минути го бомбардираше главниот град

Интензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи и можна појава на град во попладневните часови има во централните делови од државата, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Оваа маса, како што информира УХРМ, бавно се движи кон југоисток. 

Попладнево невреме со пороен дожд, грмежи, град и засилен ветер го зафати Скопје и Скопската котлина, а невреме имаше и во Велес и Свети Николе. 

Нестабилното време се очекува да се задржи на повеќе места и во текот на вечерните часови.  Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Утре претпладне и околу пладне, во западните делови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 23 до 32 степени. УВ инкексот ќе биде 6.