Страшно: Еве зошто детето (4) кое во Париз го спаси мигрант, висело од терасата на 4. кат и и гледал на смртта во очи
Парискиот јавен обвинител Франсоа Мулин изјави дека таткото на четиригодишното дете кое во понеделникот во херојска акција беше спасено од страна на малискиот имигрант Мамуд Гасама играл Покемони додека детето му висело од терасата на четвртиот кат.
„Додека се случувал инцидентот, таткото излегол од станот до продавница, а потоа застанал на улица да игра Покемони, што траело некое време“, рече Мулин.
Го оставил прозорецот отворен, а ни прозорецот, ниту терасата не биле обезбедени за да не може да излезе детето. Малечкото момче излегол од прозорецот, се префрлил на другата страна и само со рачињата се држел за оградата кога таткото се вратил и го здогледал.
„Таткото бил многу вознемирен зошто сфатил што направил и што можело да се случи“, изјави правобранителот.
Таткото, чиј идентитет не е откриен, моментално е во притвор. Во септември ќе излезе пред судија, а му се заканува двегодишна казна за негрижа на детето.
Малечкиот е сместен во дом семејство и треба да биде префрлен кај мајката, која исто така живее во Франција, но на островот Реинион.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
-
Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште
-
Прекин на услугите на Google предизвика проблеми за корисниците
-
Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел