-->
-->
Страшно, еве што изговорил мигрант од Алжир пред да ја силува студентката Лара
-->
Бегалец, којшто се претставува како Реда (37) од Алжир, барател на азил во Германија, ја силувал 25-годишната студентка Лара во Хановер и притоа извикувал: „Ова е волја на Алах“.
Ова се детали од судењето на овој човек, кој девојката по сексуалниот напад ја прашал дали уживала, а потоа за малку ќе ја убиел од ударите.
Тој го негирал злосторството на суд, но ДНК анализата ја потврди вината на Алжирецот, пишува Дејли Меил.
Ме следеше по враќањето од клубот околу пет часот наутро. На лош германски ме праша дали имам време и пред да му одговорам, ме зграпчи за рамената и ме повлече на земја. Ми рече дека му треба секс, а јас се обидов да врескам. Ми ја стави раката на уста и ми го одзема бибер-спрејот што го имав кај себе – раскажала оваа студентка во судница.
Девојката додала дека го молела да престане за да купи на време додека некој не наиде, но никој не поминувал. Почнал да ја тепа и како што изјавила, мислела дека ќе умре.
Таа го идентификувала напаѓачот на суд, но тој негирал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи