-->
-->
Страшната сообраќајка кај Демир Капија
-->

Мајка и син се тешко повредени по тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на патот Удово Демир Капија. Во сообраќајната несреќа се судриле автомобил и два камиони.
Од МВР за Нетпрес информираа дека во сообраќајната несреќа учествувале автомобил со германски регистарски ознаки и два камиони со полуприколки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот БМВ, 31-годишниот И.С. и сопатничката, 63-годишната Н.Х.С..
Според МВР двајцата тешко повредени се германски државјани, а дел од медиумите веќе објавија дека се работи за етнички Турци кои живеат и работат во Германија, а синоќа биле на пат кон татковината.
Повредените биле пренесени во велешката болница. Мајката имала повреди на главата, а синот бил со повеќе скршеници. Поради тежината на повредите, двајцата биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје на КАРИЛ.
Камионите биле управувани од македонски државјани. Првиот камион „сканија“ со полуприколка бил со прилепски регистарски ознаки и со него управувал 61-годишниот Н.С. од Прилеп, а со вториот камион, исто така со полуприколка, со кавадаречки регистарски ознаки управувал 19-годишниот М. Ѓ. од Кавадарци.
Од МВР посочуваат дека сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 21. 50 часот по што сообраќајот бил целосно во прекин некаде до полноќ, а потоа до 3.20 часот изутринава се одвивал наизменично. Оттаму потенцираат дека утрово сообраќајот е нормализиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
