Страшна сообраќајка кај Ропотово: Две лица загинаа, две со повреди пренесени во болница

Две лица го загубија животот, а две се повредени во сообраќајна несреќа која денес околу 11 часот се случи на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „Лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од М.В. (46), патничко возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од М.М. (69) од село Лажани и товарно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово.
-Во несреќата на самото место починале З.В. (66), сопатничка во возилото “Лада самара“, како и возачот на патничкото возило “Мерцедес“ М.М. Исто така во несреќата со повреди се здобиле и возачот на “Лада“-та М.В. како и сопатничката во истото возило Л.В. (44) кои што се пренесени во Општата болница Прилеп, информираат од МВР.
Полицискиот увид е во тек а сообраќајот на таа делница е во прекин.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
