Свет
29. August 2018 - 12:28

Страшна снимка од Русија: Со полна брзина се заби во споменик, кабината се разлета на парчиња!

Затрашувачка снимка од загинувањето на возач на камион на југот од Сибир се појави во јавноста откако се покрена иницијатива за поместување на споменикот во кој удри камионот.

Снимката покажува огромен шлепер како при полна брзина низ раскрсница, пробива заштитна банкина и удира во псоменикот покрај патот во Новокузњецки, на југозападен сибир, во Русија.

Возачот настрадал лице место, а на снимката се гледа како возачката кабина буквално ја исчезнува на парчиња при силниот удар.

На социјалните мрежи се појави информација дека камионот превезувал водка, а причината поради која возачот изгубил контрола не се наведени.