-->
-->
Страшна исповед: Реков дека верувам во Бог и дека не сум Французин па не ме убија
-->
Страшна исповед: Реков дека верувам во Бог и дека не сум Французин па не ме убија
Оние кое се нашле во центарот на случувањата додека траел терористичкиот напад во Париз и едвај извлекле жива глава говорат за она што го преживеале.
Посебно занимливо искуство имал Чилеанец кој бил на коцертот на бендот "Eagles of Death Metal".
Давид Фрик Готингер (23) во еден момент се нашол на нишан на еден од терористите, но сепак успеал да се спаси со тоа што рекол дека не е Французин и дека верува во Бог.
- Беше како земјотрес, пукаа на сите страни, слушнав експлозии. Музиката прекина. Отидов да разговарам со мојот пријател и да го прашам што се случува, и тогаш забележав мртви луѓе.
- Веднаш потоа ми пријде еден од терористите со намера да ме убие. Ја впери пушката во мене и ме праша дали верувам во Бог и дали сум Французин. Реков дека сум од Чиле и дека верувам во Бог, па ме пушти раскажува Давид.
Во нападот 129 луѓе го изгубија животот, додека повредени се 350 од кои 99 во критична состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови